Најмалку 14 луѓе беа убиени вчера во напад врз комплекс на хотел и канцеларии во главниот град на Кенија, Најроби. Претходно беше објавено за седум загинати.
Одговорност презеде сомалиската исламистичка група Ал Шабаб.
Нападот почна околу 15 часот по локално време, со експлозии на неколку автомобили пред банка по што следуваше експлозија на напаѓач самоубиец во хотелско лоби.
Во нападот учествувале три лица на кои подоцна им се придружил уште еден.
Осум часа по нападот во реонот се слушаа истрели што означува дека ситуацијата се уште не е под контрола. Десетици луѓе се уште се кријат во внатрешноста на комплексот.