Најмалку 17 луѓе загинаа во насилствата поврзани со денешните парламентарни избори во Бангладеш.
Граѓаните на Бангладеш денеска гласаат за новиот состав на Парламентот, а според анкетите премиерката Шеик Хасина ќе освои четврти мандат.
Околу 104 милиони гласачи денеска избираат помеѓу владејачката коалиција предводена од премиерката Хасина (71) и опозицијата на чие чело е поранешната премиерка на Бангладеш, Калида Зиа, која во моментот е во затвор поради истрага за корупција.
Поради страв од насилство, со што беше одбележана предизнорната кампања, распоредени се околу 600.000 полицајци.
Хасина беше премиерка од 1996 до 2001 година. Ако повторно нејзината партија Народна лига победи, таа ќе го освои третиот по ред петгодишен мандат.