Најмалку 19 жртви загинаа и 43 се повредени во две силни експлозии во близина на воената болница во главниот град на Авганистан, Кабул. По експлозиите се слушнаа и истрели, јавува Ал Џезеира.
Вработен во болницата изјави дека по првата експлозија се слушале неколкуминутни престрелки.
Причините за експлозиите се уште се непознати. Постои сомневање дека станува збор за напад на членови на ИСИЛ, но овие информации не се потврдени.
Специјалните единици на талибанската Влада се на местото на настанот.