Израелските сили ги засилија воздушните напади низ Појасот Газа, при што загинаа најмалку 40 лица, соопштија палестинските здравствени власти.

Израелците погодија низа куќи во бегалскиот камп Ал Буреиџ, при што загинаа најмалку 15 лица, а уште четворица во блискиот камп Ал-Нусеират.

Нусераит и Буреј се два од осумте историски, густо населени бегалски кампови во Појасот Газа, а Израел ги смета за упоришта на вооружените милитанти.

Подоцна во четвртокот, 15 Палестинци беа убиени, а други 30 повредени во израелско бомбардирање на две училишта источно од градот Газа, соопштија службите за итни случаи.

Израелската војска објави дека ги погодила командните и контролните центри на Хамас во училиштата Абдел-Фатах Хамуда и Ал-Захра во населбата Туфах во Газа.

Израел го обвинува Хамас дека користи цивили и цивилна инфраструктура за воени цели, што милитантната група го негира.

Вооруженото крило на Хамас и Исламски џихад објави дека со противтенковски ракети и гранати ги напаѓаат израелските сили низ Појасот, елиминирајќи ги израелските војници.