Најмалку 43 лица загинаа во поплавите предизвикани од силните дождови кои го зафатија западниот дел на Германија, а 30 лица се водат како исчезнати во регионот Ајфел.

Во тој регион, на границата со Белгија и Луксембург, шест куќи, во кои престојувале 30 лица, се срушија во текот на минатата ноќ.

Многу потоци и реки се излеаја во сојузните покраини Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија, во кои за време на интервенцијата загинаа двајца полицајци.

Градот Хаген е меѓу најтешко погодените. Жителите се повикани да ги напуштат своите домови и да се упатат кон повисоките делови на градот.

Метеоролозите најавија поројни дождови во оваа област и во текот на денешниот ден.