Повеќе стотина станари во една зграда во Берлин се ставени во карантин, откако најмалку 54 од нив биле позитивни на тестот на коронавирус, соопшти денеска градската управа.
– Досега се откриени 54 случаи на зараза, но и понатаму вршиме тестирање. Тоа е во секој случај нова димензија кога станува збор за ширење на заразата, истакна Фалко Лецке, советник во Градското собрание на Берлин задолжен за здравствени прашања.
Тој изјави дека е тешко да се направи проценка на проширеноста на заразата, бидејќи не е можно да се утврди колку точно луѓе живеат во таа зграда.
– Станарите кои ги сретнавме не ја кажуваат целосната вистина за тоа колку лица навистина живеат таму, додаде Лецке.
Постои сомнеж дека станарите од зградата во последните денови биле во „постојан контакт“ со лица од другите градски квартови.