Најмалку четири лица загинаа во пукање што се случило на сината линија на метрото во Чикаго.
Како што пренесува Dailymail, три лица загинале на лице место, додека на четвртиот му е констатирана смрт во болница.
На местото на настанот пристигнале голем број возила на брза помош и полиција.
4 people were found murdered on a Blue Line train when it reached the Forest Park terminal this morning.
Chicago police detained a suspect about 90 minutes later.
Officials have not said where the train was located when the shootings occurred.https://t.co/vJjgG7GaX7
— CWBChicago (@CWBChicago) September 2, 2024
Осомничениот побегнал од местото на нападот, но полицијата набрзо го пронашла и го уапсила, пренесе ABC7. Надлежните изјавија дека станува збор за изолиран инцидент и дека нема опасност за јавноста.
Сообраќајот на сината метро линија беше прекинат во 10 часот по локално време. Пукањето се случило помеѓу Форест Парк и Остин.
Чикаго е еден од градовите со највисока стапка на криминал во САД. Во текот на минатата година во „ветровиот град“, како што се нарекува, евидентирани се дури 617 убиства.
Минатиот месец, член на делегацијата на Демократската партија на Тексас на националната конвенција во Чикаго беше ограбен на сред улица среде бел ден.