Најмалку три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија што се случи за време на петочната молитва во џамија во источната авганистанска провинција Нангархар, соопштија здравствените власти.
Експлозијата се случи во областа Спин Гар во близина на градот Џалалабад, едно од упориштата на авганистанскиот огранок на екстремистичката организација Исламска држава, пренесува Бета.
Талибански функционер потврди дека експлозијата се случила во џамија во областа Спин Гар за време на петочната молитва и дека има ранети и мртви.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.