УХМР информира дека силна нестабилна облачна маса се спушта кон езерото Младост и дел од Велес. Проследена е со интензивни поројни врнежи од дожд и град, силни електрични празнења и засилен ветер кои можат да предизвикаат штети од поголем размер.

Силна нестабилност има и измеѓу Штип и Кочани во гегионот на Горни и Долни Балван каде исто така имаме интезивни поројни врнежи од дожд и град , грмежи и засилен ветер

Од запад кон Скопје навлегува нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Нестабилна облачна маса имаме и во Прилепскиот регион, измеѓу Прилеп и Росоман , Неготино , Демир Капија, Виница Делчево. Насекаде имаме појава на пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.