Омер Надаревиќ – Омчо од Бихаќ, Босна и Херцеговина, достигна бројка од два милиони следачи на Јутјуб. Со тоа, тој стана најпознатиот „јутјубер“ на Балканот.
Освен тоа, Омчо ја има и „Fat TV“ – канал за странскиот пазар каде што го следат 3,77 милиони луѓе.
Според претпоставките на „Сошл блејд“ (Social Blade), Омчо така би заработувал милион и пол долари за еден месец. Податоците, сепак, треба да се земаат со резерва, бидејќи разликите во заработката на Јутуб на американскиот и европскиот пазар се големи.
Омчо е 35-годишен лик од реалните шоуа, од Бихаќ, кој со комедија се занимава веќе 20 години.