Крис Хемсворт, кој важи за еден од најубавите мажи на денешнината, даде интервју и позираше за насловната страница на списанието „Мен’с Хелт“, покажувајќи го своето атлетско тело.
Тој говореше за својот приватен живот и фитнесот, а откри и дека во 2009 година за малку ќе се откажел од глумата поради проблеми со анксиозноста. Сепак, парите како мотив да ја отплати куќата во која живеат неговите родители, биле пресудни па го одвратиле од тие размисли.
Крис нагласи дека фитнес-вежбите му служат првенствено за да си ја одржи кондицијата, а не заради изгледот.
Актерот 2014 година беше прогласен за најсексипилен маж од списанието „Пипл“, а тој тогаш се пошегува дека таа титула би ја искористил за да не работи по дома.
Крис е во брак со глумицата Елса Петаки со којашто има три деца. Таа пак, позираше за списанието „Воман’с Хелт“.