Поради три минути слава и популарност на социјалните мрежи, младиот Кинез се обиде да направи скара на пламен од трапезоидниот ауспух на „Ламборџини Авентадор“.
За Ламборџини често се вели дека се „ѕвер што блуе оган“.Младиот Кинез сакаше да направи вкусно јадење на тој оган.
Сè се случи во кинеската провинција Јунан, каде се собираат сопствениците на луксузни супер-автомобили во една од подземните гаражи. А на сопственикот на Ламборџини му се пријало, па се обиде да ја направи скара на пламенот од издувните гасови.
Бидејќи го турираше автомобилот, издувните гасови се ширеа низ подземната гаража, се излеа моторното масло и се запали моторот.Месото, секако, изгоре …