Торта во форма на Невеста од Дубаи со бурка е најскапото слатко искушение чија цена е еден милион долари. Изработена е од англиската дизајнерка Деби Уингам, по специјална нарачка од Дубаи.
За тортата се користине 1.000 јајца и речиси 20 килограми чоколадо. Вкупната тежина на тортата Невеста од Дубаи тежи над 100 килограми.
Уникатната торта беше претставена на специјална изложба во Дубаи. По фустанот на жената од арапско потекло има пет дијаманти, секој со вредност од по по 200 илјади. Долари.
– Ја сакам арапската култура и затоа решив да ја направам оваа торта, вели дизајнерката и истакнува дека скапоцените камења се од нејзин драг клиент кој се занимава со бизнис со накит во Дубаи. Облеката изработена од специјална чипка од нежни цвеќиња.
Невестата со името Лулва е само еден од многуте ексцентричен проекти на Деби Уингам. Пред извесно време таа направи црн дијамантски фустан за 4 милиони, како и најскапиот пар на чевли во светот – за близу 12 милиони долари. Кога не прави колачи во форма на облека, таа изработува фустани на познати личности како Џастин Бибер, Кети Пери, Дрејк и други