Кане Танака, жителка на Фукуока, коа според записите на Гинисовата книга на рекорди е најстарата жива личност во светот, наполни 118 години.
Кане, Јапонка родена на 2 јануари 1903 година, која живее во дом за стари лица во Фукуока, западна Јапонија, го прослави својот 118 роденден.
Таа изрази надеж дека ќе доживее 120 години. Кане, која редовно вежба, изјави дека не ги прескокнува дневните оброци, а за време на пандемијата, не се среќава со членовите на семејството.