Американецот Џо Њуман има 107 години, живее во Сарасота во Флорида и е еден од најстарите возачи во САД и во светот.

Неговата приказна неодамна стана вирална на социјалните мрежи и медиумите ширум светот.

Тој се уште активно вози, а неговиот автомобил е црвен кабриолет. Џо е возач повеќе од 90 години и се’ уште успева лесно да ја продолжи својата возачка дозвола.

– Секако дека сум добар возач, изјави Џо за медиумите.

Неговата вереница, која со задоволство се вози со него, наскоро ќе го прослави својот 100-ти роденден.

https://www.youtube.com/watch?v=GKgoqO3GIBg&feature=emb_logo