Претседателот на Русија, Владимир Путин го внесува Бог во Уставот на Руската Федерација.

Поднесен е нацрт-амандманот во кој се вели: „Руската Федерација, обединета со илјадници години историја, го зачувува споменот на предците кои ни ги дадоа идеалите и вербата во Бога“.

Со друг амандман на Уставот е дефиниран бракот како заедница помеѓу маж и жена.

Путин, исто така, во основниот закон предлага да стои дека Русија е наследничка на Советскиот Сојуз, истовремено спречувајќи отуѓување на делови од територијата на Руската Федерација и повикува на тоа. На републиките на Руската Федерација им се дава право да ги користат своите национални јазици како нивни национални јазици на еднаква основа со рускиот јазик.

Предлогот за Бог во рускиот Устав го даде Московскиот Патријарх Кирил.

– Вредноста на верата во Бога е исто така израз на почит кон милиони наши сограѓани кои биле прогонувани само затоа што не сакале да се одречат од верата. Оваа идеја мора да ја разберат дури и луѓето кои се далеку од религијата, изјавил Кирил.