Атрактивната хрватска навивачка Ивана Кнол (31) родена во Франкфурт и ова лето ќе ја следи фудбалската репрезентација на својата земја. По Светското првенство во Русија во 2018 година, каде што се појави за првпат и Мундијалот во Катар во 2022 година, кога го привлече вниманието на целиот свет, Ивана ќе биде на трибините и во Германија, а и пред стартот на турнирот, таа се најде во центарот на вниманието!
Репрезентацијата на Хрватска во првиот натпревар на турнирот ќе игра против Шпанија во Берлин, па тој град е и првата дестинација на Ивана. Сепак, веќе се појавија огромни проблеми од кои таа воопшто не е задоволна.
Иако изнајмила соба во еден од најскапите хотели во градот, атрактивната девојка не ја добила услугата што ја очекувала!
-Плаќам илјадници евра за овој „најдобар хотел“ во Берлин. Стари соби, греењето не работи, се реновираат теретаната и базенот. Не би препорачала, напиша Кнол на својот Инстаграм профил.
-Соба само за мене чини 650 евра од ноќ, додаде таа.
Не е познато дали Ивана планира долго да остане во Берлин или ќе ја придружува Хрватска на натпреварите во Хамбург и Дизелдорф, но јасно е дека ќе направи сметка од неколку илјади евра.
-Одам на Евро 2024 и ги купив сите билети. Ниту Хрватскиот фудбалски сојуз, ниту некој друг ми ги дава, а никогаш и не ми давале. Ќе се гледаме на сите натпревари, напиша Ивана Кнол принудувајќи го дури и Bild да го отстрани текстот со шпекулации.