Во дел од станиците за технички преглед во Скопје има налепници НКМ, во некои се уште немаат добиено, а дел веќе ги потрошиле.
Од станиците за технички преглед што ги контактираше МИА, како Авто мото сојузот на Македонија, станиците за технички преглед на Здружението на возачи на Македонија во Кисела Вода и Карпош, ПСС и Цертус, налепници има во дел од нив.
Во Кисела Вода налепниците веќе се потрошени поради гужвите кои почале од утрината и како што ни изјавија оттаму не знаат кога ќе добијат нови налепници, додека во станицата за технички преглед на Здружението на возачи во Карпош не добиле налепници и не знаат кога ќе добијат.
Во станицата за технички преглед Цертус во населбата Ченто велат дека налепници за регистарските таблички со три бројки немаат, додека за оние со четири бројки имаат.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека освен оние возила што ја имаат ознаката НМК, сите останати треба да имаат налепница.
Возачите треба да дојдат во станиците за технички преглед со сопственото возило каде ќе пополат барање, а со себе треба да понесат лична карта и сообраќајна дозвола.
Нелепниците се даваат бесплатно, но треба да бидат ставени на регистарските таблички од страна на контролорите во станиците за технички преглед.
Обврската за налепниците НМК на регистарските таблички на возилата произлегува од одредбите на Преспанскиот договор потпишан со Грција.
Исто така, денеска е соопштено дека налепници се уште не добиле во Дебар и други станици низ Македонија.
Фото: МИА архива