Поранешниот помошник министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски наместо 9 ќе треба да одлежи 5 години затвор, одлуши апелациониот суд во Скопје.

Поповски е обвинет и осуден за набавка на триста возила во МВР во предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство во Кривичниот суд во Скопје од судијката Добрила Кацараска, а предметот претходно беше вратен на претходно судење.

Апелационите судии ја потврдиле вината на Поповски, но одлучиле да му ја намалат казната.