Без работа остануваат 130 текстилни работнички од конфекциската фабрика „Македонија гармент индустри“, на кои им било соопштено дека фирмата се затвора.
Како што објави ТВ Канал 5, сопственик на фабриката е Холанѓанецот Марсел Мелес, сопруг на актерката Синоличка Трпкова. Нема информации зошто се прекинува производството и што ќе биде со неисплатените плати, а дел од работничките сметаат дека газдата го сели бизнисот во соседството.
– Капиталистот чија жена пишува во тазе левичарскот портал Антропол и ламентира над нашата горка судбина и гнило општество, остава без работа 130 работнички. Ќе го селел капиталот во соседството. Па нели ќе ја носеа Европа овде?!- реагира поранешната пратеничка на СДСМ, Солза Грчева, на Фејсбук.