Жителите на селото Жировница алармираат дека во последно време се соочуваат со зголемен напад од мечки. Како што појаснуваат, мечките се почесто влегуваат во нивните домови, го оштетуваат нивниот имот, а ја јадат и стоката која ја чуваат.

Изедени овци, крави, телиња, превртени контејнери, оштетен имот е секојдневната слика на жителите од ова село лоцирано во Маврово-Ростуше.

-Имам пчеларник од околу 50-60 пчелни семејства. До 2018 година немавме скоро никакви напади, но од 2018 година наваму, особено годинава кај мене барем влезена е мечка 5-6 пати. Меѓу другото влези и дома кај мене, ми ја растури кујната. Очи во очи блиска средба да имаме со мечка овде веќе е нормално. Народот се брани кој како знае, најмногу со петарди , вели Ахмети Ахмет.