Талибански милитанти нападнаа контролен пункт на владини сили во покраината Балк на север во Авганистан при што убија најмалку 15 припадници на силите за безбедност. Тоа го соопштија локални официјални лица.
Мохамед Јусуф гувернер на областа Давлатабад каде се случи нападот изјави дека десетици талибанци нападнале контролен пункт за кој биле задолжени војници и рзаузнавачи и во нападот загинале 15 лица.
Во соопштение од авганистанското МО се наведува дека во нападот загинале седум војници.
Талибанците соопштија дека убиле најмалку 20 авганистански војници, шест се ранети и четворица се заробени.