Вооружен напад имаше во болница во Истанбул, каде напаѓачот ранил пет лица и избегал.
Како што објави турскиот медиум ТРТ Хабер, меѓу петтемина повредени има полицаец, припадник на жандармеријата, припадник на обезбедување и двајца цивили. Ниту еден од нив не е во животна опасност. Во нападот е оштетена зградата на болницата и амбулантно возило. Непознатото лице побегнало од местото на настанот, а возилото што го користел напаѓачот е пронајдено напуштено. Полицијата работи на расчистување на случајот.
🚨Bahçelievler Devlet Hastanesi, acil servisine silahlı saldırı düzenlendi.
Saldırıda 1’i hastane polisi, 1’i hastane jandarması, 1’i güvenlik görevlisi ve 2’si hasta yakını olmak üzere 5 kişi yaralandı;pic.twitter.com/UDv6KHH2LQ
— X International News Agency (@xnewsagency) August 31, 2024