Вооружен маж уби шест лица и рани едно во напад во џамија во провинцијата Херат, западен Авганистан, соопшти рано утринава Министерството за внатрешни работи на земјата.
Непознато лице синоќа околу 21:00 часот по локално време пукало во верници во квартот Гузара, јужно од главниот град на провинцијата.
Шест цивили загинаа, а еден цивил е ранет, соопшти портпаролот на МВР на социјалната мрежа Х.
Фото: МИА архива