Неколку ракети беа истрелани кон претседателската палата во Кабул, јави новинската агенција Сингуа.
Според агенцијата, ракетите биле истрелани кон палатата за време на молитвата за Курбан Бајрам, на која присуствувале авганистанскиот претседател Ашраф Гани и други високи функционери.
Засега нема извештаи за жртви.
Авганистанскиот ТВ канал 1ТВ претходно објави дека во близина на палатата се слушнале три експлозии.