И во денешниот билтен на МВР се регистрирани два напада од улични кучиња, во кои се искасани девојче од Пробиштип и жена во Скопје.

Вчера околу 14 часот во СВР Скопје, Т.М.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Радишанска“ била касната од куче скитник.

Синоќа во 22:25 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, 12-годишно девојче било каснато од куче скитник.