Три лица излегле од автомобил и го нападнале Н.С. (21) додека стоел на автобуска постојка. Тие веднаш по нападот побегнале, а повредениот бил пренесен во болница.

Како што соопшти МВР, настанот се случил вчера меѓу 17,30 и 17,40 часот во Скопје на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“, кога од страна на три непознати машки лица, кои излегле од автомобил „мерцедес“, физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.

По нападот лицата со возилото го напуштиле местото на настанот, а Н.С. со возило на Итна медицинска помош во неконтактибилна состојба бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. По преземени мерки, две лица биле приведени во Полициска станица Кисела Вода, поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.

Се работи на целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.