Утрово во раните утрински часови во еден скопски ресторан во близина на гимназијата „Орце Николов“ бил нападнат новинарот Љупчо Златев, објави порталот Курир.
Според нашите информации, пишува порталот, човек кој се испоставило подоцна дека е лично обезбедување на семејството на еден македонски бизнисмен го нападнал новинарот Златев.
Физичкиот напад доаѓа откако претходно му се доближило лицето и по куса вербална расправија новинарот Златев бил нападнат.
Настанот инаку веднаш потоа бил пријавен во полиција и се очекува повеќе детали во текот на денот.
Нападот доаѓа откако новинарот деновиве објави повеќе скандали и афери за еден поранешен македонски функционер, а сегашен бизнисмен.
Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен на дневни настани информира за нападот на новинарот Љупчо Златев.
-На 24.07.2020 околу 00.40 часот во СВР Скопје, Љ.З.(28) од Кавадарци пријавил дека околу 00.10 часот, во угостителски објект во Скопје, му биле упатувани закани и бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.