Напаѓачот на анлгиската фудбалска репрезентација Рахим Стерлинг застана вчера во одбрана на својата тетоважа на десната нога откако беше нападнат од лоби групата Мајки против пиштоли.

На десната нога Стерлинг, поранешниот напаѓач на Ливерпул, има истетовирано пушка М16 и токму таква слика објави на Инстаграм.

Тетоважата е мошне видлива. Луси Коп, која ја основаше Мајки против пиштоли, откако нејзиниот син Дамјан бил застрелан пред клуб во Лондон во 2002 година, изјави дека сликата е „целосно неприфатлива“.

Таа за „Сан“ изјави:„Бараме тетоважата да ја острани со ласер, или пак да ја покри со друга тетоважа. Ако не сака, тогаш треба да биде исклучен од репрезентацијата. Тој треба да биде пример за другите, но одбрал гламурозни пушки’.

Но, еден од клучните играчи на англиската репрезентација, кој во моментов се подготува за Светското првенство во Русија, на Инстраграм објасни дека тетоважата има „подлабоко значење“.

„Кога имав две годни татко ми беше смртно застрелан. Си ветив дека никогаш во животот нема да пипнам пушкам, шутирам со десна, па, има подлабоко значење, а и уште не е готова“, напиша Стерлинг.