Еден од терористите кој го изврши нападот во две џамии во новозеландскиот град Крастчрч објавил видео во живо на Фејсбук.
Клипот е маркиран за време на нападот, објави Вашингтон тајмс.
Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува наапдот и се враќа во автомобилот.
Видеото е веќе избршано од интернет. Сепак, инсерти од видеото се шират на социјални мрежи.
Најмалку 40 луѓе загинаа во нападот и повеќе од 20 се ранети и во тешка состојба.