Овој рецепт за „антиејџ“ фрапе полно со незаменливи антиоксиданси е одличен оброк против стареење. За неговата подготовка ви е потребна една минута, а една чаша од ова фрапе ќе ги разубеди сите оние кои мислат дека за хранлив оброк е потребна преполна чинија со храна во спротивното.
Потребни состојки:
- шолја суви сливи
- 3/4 шолја свежи или замрзнати боровинки
- 2 лажички мелено ленено семе
- содржината од една капсула рибино масло
- 2 лажички сурутка
- лажичка квасец во прав
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер. Ставите и коцки лед. Нивната количина зависи од тоа колку сакате да биде густо фрапето. По желба засладете го со малку мед. Изматете ги состојките, ставете го фрапето во чаша и уживајте во напитокот на младоста.