Со автоголот на Педро Обијанг во последната минута од судиското надополнување, тимот на Наполи синоќа забележа победа на гостувањето кај Сасуоло со 2:1.
За „наполитанците“ ова е прв триумф во последните два месеца, воедно и прва победа под водство на тренерот Џенаро Гатузо.
Дуелот беше од 17.коло на италијанската Серија А.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој настапува за Наполи, во игра влезе во 70.минута и беше во дуел со Обијанг при постигнувањето на победничкиот гол.
Наполи со 24 поени се искачи на осмото место на табелата, додека е 13-ти со 19 бода. з