Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс го постигна својот 115. и 116. гол за Наполи во натпревар од 3. коло од групната фаза од Лигата на шампионите синоќа на гостувањето кај Салцбург.
Во овој статистички индикатор Мертенс го престигна легендарниот Диего Марадона, кој има 115 гола за Наполи.
Лидер во ефикасност за „наполитанците“ е Марек Хамшик кој има 121 погодок