Наполи е подготвен да го продаде Фабиан Руиз, откако преговорите за нов договор влегоа во „ќорсокак“, јавија италијанските медиуми, додавајќи оти цената што клубот од Неапол ќе ја бара за Шпанецот е 50 милиони евра.
Руиз има договор со Наполи до јуни 2023 година, а обидот на италијанскиот прволигаш за продолжување на соработката за уште две години, пропадна.
Шпанскиот играч за врска дојде во Наполи од Бетис во 2018 година за 30 милиони евра, а италијанските медиуми наведуваат дека за неговите услуги се
Сезонава. Руиз одигра 14 натпревари и постигна еден гол за Наполи, но во последните пет натпревари само еднаш беше во почетниот тим.