Екипата на Наполи го совлада вечерва Јувентус со 2-1 (0-1) во дербито на 3. коло во Серија А, во кое македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во почетниот состав на домаќините и го одигра првото полувреме.
Наполи дојде до третата последователна победа во новата сезона во италијанското првенства со два гола во вториот дел, откако Јувентус поведе преку Алваро Мората во 10 минута.
Резултатскиот пресврт го најави Матео Политано во 57 минута, а победата на домаќините им ја донесе Калиду Кулибали во 85 минута.