Дебарско-кичевската епархија ќе го добие новиот владика. Во храмот на светиот великомаченик Пантелејмон на Плаошник во Охрид попладнево беше извршено Наречение на архијерејот Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј.

На свечената церемонија во присуство на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и владиците од Синодот и бројно свештенство беше прочитана одлуката на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архипескопија за изборот на архимандритот г. Георги за митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Согласно протоколарната церемонија, архимандритот Георгиј се заблагодари и ја прифати одлуката на Синодот.

Владиката Георгиј ќе биде хиротонисан и устоличен за митрополит на Дебарско-кичевската епархија утре, со Божествена литургија што ќе се служи во Катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ .

Новиот епископ доаѓа на местото на митрополитот Тимотеј кој се упокои на 25 ноември минатата година по кусо боледување.

текст и фото МИА