Владата наредната недела ќе се задолжи за нови 105 милиони евра. Имено, на официјалната страна на НБРМ објавена е аукција на хартии од вредност во вкупен износ од 6.500.000.000 денари.

Според експертите владата континуирано се задолжува што додатно ќе влијае врз зголемување и на онака големиот јавниот долг. Во гостување во емисија на телевизија „Телма“ актуелниот министер за финансии Фатмир Бесими потврди дека државата дополнително ќе се задолжува при што кажа дека јавниот долг ќе се зголеми за еден процентен поен. Ова според пресметките ќе значи зголемување на јавниот долг до висина од 60,5 % што е највисок до сега.