Утрово ФБИ изврши апсење во врска со награда за убиство, насочено кон државната обвинителка Памела Бонди.
Уапсен е 29-годишент маж од Минесота кој понудил награда од 45.000 долари за убиство на државната обвинителка. Сè започнало на ТикТок кога објава со наградата почнала да се шири вирално пред да започне брза федерална истрага.
Според американските медиуми, досието на осомничениот Тајлер Максон Авалос од Сент Пол е долго, а неговата онлајн активност открива врски со анархистички симболизам.
Во објавата на ТикТок има фотографија од државната обвинителка Бонди со црвена точка на челото од нишан на снајпер, на која пишува: „Се бара Пам Бонди. Награда 45.000 долари. Мртва или жива, по можност мртва.“
Осмничениот е во притвор. Дополнително, неговата ТикТок страница имала анархистички симболи.
Првично, објавата за награда имала само шест лајкови и седум коментари. Видеото било објавено на сметка со име на профил „Wacko“, со симболот на анархија.
Агентите на ФБИ добиле дојава од некој што бил на ТикТок, ја забележал објавата, а потоа ја пријавил. ФБИ соработувало со Гугл, Комкаст и ТикТок за да го пронајдат овој човек. Гугл помогнал со најавувањето на IP адресата и локациите на IP адресата. Тие исто така успеале да ја пронајдат неговата е-пошта.
Уапсениот има криминално досие во повеќе држави, вклучително и обвинение за кривично дело следење и семејно насилство од 2022 година.
Според Њујорк Пост, една од првичните реакции е на сенаторот Том Котон: „Левичарските закани за насилство врз федералните службеници мора да престанат. Благодарен сум што главниот обвинител Пам Бонди е безбедна и што органите за спроведување на законот го уапсија осомничениот.




