Таа посочи дека направиле увид во полициската станица и доставиле дописи до МВР.
– Нашите сознанија говорат дека во тек се постапки кон лицата кои го извршиле насилството и за утврдување на основаноста на дојавите или пријавите дека има исчезнато лице од причина, што според МВР, досега нема ниту една пријава дека некој пријавил исчезнато лице. Бараме и целосно испитување на причините за присуството на полициските службеници надвор од службеното време во вечерни часови во такво возило без регистерски таблички. Останува МВР да го испита случајот и да ни ги достави целосно информациите што ги бараме, додаде Бајрамовска – Мустафа.