Природен антибиотик
Основниот рецепт на овој моќен тоник достигнува далеку наназад во средновековна Европа, во времето кога луѓето боледувале и починувале од многу болести и епидемии.
Овој чудесен тоник за “чистење” во основа е антибиотик што ги убива грам-позитивните и грам-негативните бактерии. Тој, исто така има моќно антивирусно и антигабично дејство, ја зголемува циркулацијата на крвта и ширењето на лимфата во сите делови на телото. Овој хербален лек е најдобар избор за борба против кандида. Овој тоник им помогнал на многу луѓе да ги надминат болестите предизвикани од вируси, бактерии, габи, па дури и од чума. Неговата моќ не треба да се потценува. Со него се оневозможуваат или се решаваат многу хронични состојби или може само да се спречи одредена болест. Ја стимулира циркулацијата и ја прочистува крвта. Овој рецепт во текот на вековите им помогнал на милиони луѓе во борбата против смртоносни болести. Тајната е во неверојатно моќната комбинација на висококвалитетни, природни и свежи состојки кои, еднаш подготвени, имаат неверојатна способност и моќ на исцелување.
Значи, овој тоник е ефикасен во третманот на сите болести. Ефикасно го зајакнува имунолошкиот систем, дејствува антивирусно и антибактериски, уништува габи и паразити, што претставува моќно оружје против сите инфекции.
Состојки:
700 ml. јаболков оцет (секогаш користете органски (природнo) произведен,
¼ чаша ситно сечкан или мелен лук,
¼ чаша ситно сецкан или мелен кромид,
2 свежи феферони, најдобро најлути што можат да се најдат (внимание при чистењето – користете ракавица),
¼ чаша рендан ѓумбир,
2 супени лажици рендан рен и
2 лажици куркума во прав, или 2 корена од куркума.
Сите состојки, освен оцетот-киселината, се ставаат во сад и добро се мешаат. Смесата се претура во содветна тегла заради дополнување со киселина. Во теглата се тура киселина до врв. Најдобро е теглата да биде исполнета со сувите состојки до две третини, а потоа се долива оцетот. Добро се затвора и се протресува. Теглата (или теглите) се чува(ат) 2 недели на ладно и суво место. Неколку пати на ден се протресуваат. По 14 дена внимателно се истискува течноста во доволно голем сад. Добро би одговарала соодветна цедалка. Се истискува додека се исцеди целиот сок-течност. Исцедениот сок се тура во соодветни тегли и истите добро се затвораат. Сувите остатоци-состојки се користат за готвење. На овој начин тоникот е подготвен за употреба. Не е нужно да се чува во фрижидер, бидејќи долго време не се расипува.
Совет: тоникот, исто така, може да се користи во кујната. Се меша со малку маслиново масло и се користи како прелив за салата или за подобрување на вкусот на чорби.
Внимание: вкусот е многу силен и лут.
Совет: кога ќе се земе една чаша тоник, се каснува парче портокал или лимон. Ова ќе го намали печењето и чувството на луто.
Дозирање:
При настинки и за зајакнување на имунолошкиот систем, секојдневно се зема по една лажица тоник така што со течноста ќе се жабурка, а потоа ќе се голтне.
Да не се меша со вода, бидејќи водата ја намалува моќта на тоникот.
Секој ден се зголемува дневната доза додека се достигне 0,3 до 0,5 центилитри (помала до нормална чашка ракија).
Ако е во прашање сериозна болест или инфекција, се зема по 1 лажица тоник, 5-6 пати дневно.
Тоникот е безбеден за бремените жени и децата (само дозата се намалува), поради тоа што содржи целосно природни состојки, без штетни загадувачи или токсини.
Корист за здравјето
Лук: силен антибиотик со широк спектар на здравствени придобивки. За разлика од хемиските антибиотици, кои убиваат милиони корисни бактерии, а кои му се потребни на телото, лукот ги уништува (ги оневозможува) само штетните бактерии и микроорганизми. Лукот го стимулира и го зголемува нивото на здрави (потребни) бактерии во телото. Тоа е многу ефикасно антигабични средство и го уништува секој антиген или патоген и штетен микроорганизам што се обидува да предизвика болест.
Кромид: претставува најблискиот роднина на лукот и дејствува слично, но послабо. Заедно, тие се силна борбена двојка.
Рен: тоа е билка многу ефикасна во лекувањето на синусите и белите дробови. Ги отвора каналите на параназалните синуси и ја подобрува циркулацијата на крвта, што во основа се случува при настинка и грип.
Ѓумбир: силно спречува воспаленија, додека во истовреме го забрзува снабдувањето со крв.
Пиперки (чили пиперки): најсилните поттикнувачи на циркулацијата на крвта. Нејзините антибиотски својства се користат во борба против болести на местата во организмот на кои му се најмногу потребни.
Куркума: одлична миродија, ги отстранува инфекциите и ги намалува воспаленијата. Спречува настанување на рак и спречува деменција. Тоа е многу корисно за пациентите кои страдаат од болки во зглобовите.
Јаболкова киселина: јаболковата киселина навистина мора да се користи бидејќи е многу делотворна за здравјето. И таткото на медицината Хипократ уште пред 400 година пред нашата ера ја користел оваа киселина за лекување. Се вели дека користел само два лека: мед и киселина од јаболко. Јаболковата киселина се прави од свежи и зрели јаболка кои потоа се подложени на ферментација според строга постапка за да се дојде до конечниот производ. Јаболковата киселина содржи пектин, кој го намалува лошиот холестерол и го регулира крвниот притисок. Здравствените работници се согласни дека на постарите лица им е потребен повеќе калциум. Оваа киселина му помага на телото да се извлече калциумот од храната, со кој потоа во голема мерка се поддржува цврстината на коските. Недостигот на калиум предизвикува бројни проблеми, како што се опаѓање на косата, кршливи нокти и заби, воспаление на параназалните синуси и носните канали (како кај лица што постојано си го бришат носот).
Јаболковата киселина е богата со калиум. Истражувањата покажале дека недостигот од калиум доведува до забавување на растот. Овие проблеми исчезнуваат со редовна употреба на оваа киселина. Калиумот исто така ги отстранува токсичните отпадоци од телото.
Јаболковата киселина помага за слабеење. Ги согорува мастите, што е во природата на слабеењето. Јаболковата киселина содржи состојки со кои ефективно се надминуваат инфекциите предизвикани од габи и бактерии. Оваа киселина ги разложува наслагите на мочна киселина што се напластуваат околу зглобовите, со што се олеснуваат болките во зглобовите. Растворената мочна киселина потоа се отстранува од организмот.
Се верува дека оваа киселина е многу корисна во лекувањето на болести како што се запек, главоболка, артритис, слаби коски, пречки во варењето, висок холестерол во крвта, дијареа-пролив, егзема, воспаление на очите, хроничен замор, полесен вид труење со храна, паѓање на косата, висок крвен притисок, дебелина, како и многу други здравствени проблеми.
Бета каротин (каротен): спречува слободните радикали да предизвикуваат штета во телото, кожата ја одржува оптегната и млада.