Вселенскиот телескоп Кеплер остана без гориво и ќе биде „пензиониран“ по 9,5 години долга мисија во која откри ијладници планети надвор од Сончевиот систем, објави НАСА.
Кеплер сега кружи околу Сонцето оддалечен 156 милиони километри од Земјата.
Телескопот на својата мисија пресене податоци за планети во нашата галаксија. Кеплер откри повеќе од 2.600 од околу 3.800 егзопланети колку што се документирани во последните две децении.
Неговиот систем за позиционирање се расипа во 2013 година, но научници успеаја да пронајдат начини да го одржат оперативен. Сега веќе нема гориво потребно за нови задачи.
НАСА го лансираше на 6 март 2009 година. Меѓу планетите што ги откри, 50-на би можеле да бидат со иста големина и температури како и Земјата.