Милијардерот Џеф Безос најави дека неговата компанија Блу Ориџин (Blue Origin) ќе ја однесе првата жена на Месечината.
– Ова е моторот (BE-7) што ќе ја однесе првата жена на Месечината, објави Безос на Инстаграм, со снимка од проверката на моторот во центарот за испитување на американската вселенска агенција НАСА во Алабама.
„Блу Ориџин“ со години го развива моторот BE-7 и конкурира со компаниите на Илон Mаск Спејс Икс и Дајнетикс за договор за изградба на следниот систем на НАСА за слетување на Месечината.