Сопственикот на порталот Буревесник, новинарот Зоран Божиновски, синоќа крвнички бил претепан во Битола.
Божиновски бил нападнат и крвнички претепан со метални шипки и бксирачи од две маскирани лица пред домот на неговата сопруга Панда Солунчевска во Битола.
Тој со повреди бил пренесен во битолската болница, потврди за Плусинфо сопругата на новинарот, Панда Солунчевска, која била со него за време на нападот.
Божиновски во нападот добил повеќе повреди на лицето и главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош, изутринана бил пуштен на домашно лекување, а попладнево повторно требало да се јави в болница.