НАСКОРО ГОЛЕМА ПОМОРСКА ВЕЖБА НА НАТО: На Русија ѝ праќаме јасна порака

/ 02.09.2023

„За време на големите поморски вежби во Балтичкото Море, во кои ќе учествуваат околу 30 бродови и повеќе од 3.000 припадници на западните сили, за првпат ќе вежбаме одговор на руски напад во регионот“, рече командантот на германската морнарица, како што пренесува The Guardian.

Во двонеделната вежба, која треба да започне следната сабота, ќе учествуваат војници на сите балтички земји на НАТО, како и други членки како САД, Канада и Франција. „Испраќаме јасна порака до Русија: Не додека сме на должност“, изјави во Берлин вицеадмиралот Јан Кристијан Каак. Американската морнарица на вежбите ќе го испрати бродот „Меса Верде“, долг 200 метри, наменет за транспорт и истовар на околу 800 маринци.


Од истата категорија