Македонските пратениците заедно со собранискиот спикер Талат Џафери, денеска беа вакцинирани со вакцината руската вакцина Спутник В.
-Со градењето на колективниот имунитет, се придонесува кон успешното справување со пандемијата. Тоа е секако заедничка одговорност, и успешноста лежи во масовното вакцинирање. Должност на секој од нас е да придонесе за што поскоро надминување на предизвикот КОВИД – 19, истакнуваат од Собранието.
Претходно со истата вакцина Спутник В беа вакцинирани и припадниците на Армијата на Република Македонија, и покрај тоа што премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче, но и министерката за одбрана Радмила Шекеринска најавуваа дека Македонија ќе добие и други вакцини.
Не многу одамна Заев изјави дека на „нашата земја како прозападно ориентирана и прилегаат вакцини кои се прифатени во западните земји“.