НАТО соопшти дека останува буден по веста на повлекување на руските трупи распоредени во близина на украинската граница и на Крим и притоа ја повика Москва да ги повлече сите свои сили од територијата на Украина.
-Секоја мерка за ублажување на тензиите од Русија е важна и одамна требаше да се спроведе. НАТО останува буден …. Ние продолжуваме да ја повикуваме Русија да ги повлече сите свои сили од територијата на Украина, изјави неименуван претставник на Алијансата.
Според него, НАТО ќе продолжи да ја следи „неоправданата“ акумулација на руски сили во и околу Украина.
Руската армија вчера соопшти дека од утре ќе почне со повлекување на своите сили во близина на границата со Украина и на Крим, што беше припоен кон Русија во 2014 година.