Премиерот Димитар Ковачевски се сомнева дека зад „хибридната војна“ против Македонија стојат структури од странство, но и од земјава, кои се против определбата на земјава црвсто да стои со поддршка на политиката на ЕУ, особено за војната во Украина.

-И при промената на е-маил адресите кај училиштата, бидејќи се ставени на еден сервер, којшто е заштитениот сервер на МОН, како тие веднаш адресите на училиштата се нашле кај тие што пријавуваат бомби. Претпоставка би била дека вклучува некој кој што не сака Македонија да ја има својата надворешна политика да ја има таква каква што ја има усогласена со ЕУ, изјави Ковачевски.

И по речиси шест месеци истражните органи немаа одговор кон конретно стои зад овие хибридни напади и како да се спречат, особено откако на мета беше и Фондот за здравство.

-Полицијата треба будно да ги следи средните школи, да презема и превентивни и репресивни мерки а дојавите да ги стави под една друга контрола што би значела јавноста што помалку да биде вклучена, но од друга страна со преземање на мерки и активност. Тоа значи дека со самото игнорирање ќе постигнеме два ефекти, почестото јавување ќе го намалиме бидејќи со испразнувањето на школите и моловите, оние што дојавуваат ја постигнуваат целта, вели проф. Стефан Буџакоски.

Помош за справуавњето со заканите се очекува и од НАТО и партнерските служби од другите земји, а премиерот Ковалевски најави дека во земјава се очекува да дојде и помошник-генералниот секретар на НАТО за сајбер и хибридни напади.