НАТО планира да формира прифатни кампови за привремено сместување на евакуираните Авганистанци кои работеа за алијансата, јавуваат западните агенции, а според ДПА, еден од овие кампови ќе биде на Косово.
-Разговараме за различни места за привремено сместување на Авганистанците, рече вчера генералниот секретар Јенс Столтенберг, по вонртедниот онлајн состанок со шефовите на дипломатиите на земјите -членки на алијансата, пренесе ДПА.
Според германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, американската воена база во Рамштајн, во германската провинција Рајнска област-Пфалц, веќе се користи како центар за евакуација на барателите на азил од Авганистан.