НАТО потврди дека пресретна уште една ракета насочена кон Турција. Претходно, турското Министерство за одбрана објави дека балистичка ракета лансирана од Иран е соборена во турскиот воздушен простор.

Во соопштението се наведува дека ракетата е уништена од системите за воздушна одбрана на НАТО распоредени во Источен Медитеран и дека делови од ракетата паднале во југоисточна Турција.

– НАТО повторно пресретна ракета што се упатуваше кон Турција. НАТО цврсто стои во својата подготвеност да ги брани сите сојузници од каква било закана, објави на Икс портпаролката на НАТО, Алисон Харт, без да наведе дали проектилот е соборена во турскиот воздушен простор.