Во светот завладеа новогодишната еуфорија, а најскапите и најнеобични елки веќе се на своите вообичаени места. Вечер ќе блесне и онаа пред Белата куќа.
Пред Рокфелер центарот во Њујорк е поставена норвешка смрека висока 23,5 метри, а одгледувана 60 години. Ја засадила Керол Шулц во својот двор, после Божиќ. Оваа „елка“ сега е украсена со три милиони кристали „Сваровски“.
На друг крај од светот, во Вилнус – главниот град на Литванија, на метална конструкција висока 50 метри, поставена е елка од 27 метри. Осветлена е со сино-бели лампиони и личи на шаховска фигура.
А пак, пред Капитол хил во Вашингтон има сина оморика, донесена од Ново Мексико. Беше накитена од самите граѓани.